BOTULINUM TOXIN – “БОТОКС” – Denta ES

BOTULINUM TOXIN – “BOTOKS”

Поттикнати од потребите на стоматологијата но и на естетиката, едукативниот центар и стоматолошка поликлиника - Дента ЕС започна да нуди услуги во полето на фацијалната естетика.

„Кај клиентите кои преферираат подолготрајни ефекти го употребуваме ботулинскиот токсин со кој навистина можат да се направат драматични но и суптилни промени на кожата како и да се корегираат одредени недостатоци на истата. Освен тоа, ботулинскиот токсин е корисен и за стоматолошки зафати при разни недостатоци„ доктор Слободан Ѓеорѓиев од Дента ЕС.

Botulinium toxin или популарно наречениот ботокс се користи за подмладување на кожата на лице, врат, деколте како и за примена во областа на стоматологијата во решавање на “gummy smile”, бруксизам, лоши навики кај мускулот на брадата, а и при совладување на примарната хиперхидроза. Спротивно на вообичаеното мислење, ботоксот не е присутен само кај естрадните ѕвезди кај кои и неретко е претеран па се приметува, туку може да се користи за многу суптилни зафати кои ќе го постигнат тоа што го посакуваме без да биде очигледно дека е нешто воопшто правено.

Консултациите се бесплатни, сите зафати ги извршуваат доктори специјалисти и целта е секогаш единтсвена  –поврзување на убавината и здравјето во совршена симбиоза. Јавете ни се за совет па потоа решете.

Прочитајте повеќе за Ботокс третманот во вториот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“.