Мезотерапија / Мезонити – Denta ES

Мезотерапија / Мезонити

Мезотерапијата опфаќа вбризгување на активни материи во средниот слој на кожата или мезодермот. Во зависност од внесениот коктел се постигнуваат различни ефекти па така мезотерапијатата може да се примени во различни области на медицината, како што се: дерматологијата, ревматологијата, стоматологија, естетска медицина, спортска медицина, физикална терапија, оториноларингологија итн.
Најпопуларна е употребата на мезотерапијата на лицето како начин на подмладување и освежување на кожата. Со самото тоа што се доаѓа до средниот слој на кожата, се постигнуваат подобри резултати од употреба само на надврешни препарати како што се кремите за лице. За тоа да се постигне ние користиме ролери, но и внесување на активните состојки во кожата со помош на игла, допирајќи до секоја пора на кожата поединечно. Во Дента ЕС ги користиме следните коктели за мезотерапија на лице: INNO TDS VITAMIN COMPLEX, INNO TDS HYALURONIC ACID, INNO TDS FIRMING,INNO TDS AGE RESCQUE(ANTIAGEING), INNO ROLLER SNAP 6-7-8, INNO-ROLLER CAVIAR DETOX. TDS - trans dermal solution.

Но, мезотерапијата се користи и на телото за: губиток на вишокот облини и целулит, затегнување на кожата после влијание на различни фактори како раѓање, губиток на телесна маса и слично. Во Дента ЕС ги користиме следните коктели за мезотерапија на тело: INNO TDS ANTICELULIT, INNO TDS FIRMING, INNO TDS DRAINER, INNO TDS DRAINING, INNO TDS PPC, INNO TDS HAIRLOSS CONTROL.

3D мезонити

3D мезонитите е едноставен систем на поставување на конци во кожата кои служат за измазнување на борите. Конците се направени од биоразградлив материјал и се ставаат со помош на игла во кожата формирајќи на тој начин арматура која ја затега кожата како што сакаме. Овие конци исчезнуваат од кожата за 180-240 денови но во текот на два месеци создаваат колаген во кожата кој (ја затега и мазни)го одржува овој лифтинг. Овој начин на подмладување на кожата е идеален за сите делови на лицето за отстранување на назолабијалните брчки, кај вратот, длабоките брчки, деколтето а совршен е и за брчките на челото, каде за 15 минути може да се справиме со овј недостаток. Третманот е идеален за оние кои се против ботоксот затоа што е на природна основа. Во текот на третманот не е потребна анестезија туку само нанесување на благ анестетски крем, а благото црвенило трае само еден ден по интервенцијата. По ставањето на мезонитите не се ограничува движењето на лицето, а веќе по 3 недели може да се применат и други третмани на лицето.

3Д мезонитите можат да се користат во комбинација со хијалуронски филери каде поповршинските брчки се пополнуваат со филер а подлабоките со конци. Овие третмани се изведуваат само кај доктори кои одлично ја познаваат анатомијата и физиологијата на кожата.

Липолиза

Липолиза подразбира вбризгување на активни супстанции кои доведуваат до топење на локализираните масни наслаги. Дента ЕС ги изведува исто така овие третмани со производите на INNO SEARCH. За третманите со мезотерапија ги користиме производите на реномираниот бренд INNO SEARCH: •    INNO SEARCH е светски познат бренд кој поседува своја лабараторија за развој на своите производи и работи секојдневно на подобрување на квалитетот на истите; •    INNO SEARCH има широка палета за избор, од коктели за мезотерапија до хемиски пилинзи, а секако и производи за дневна грижа на кожа и нејзина заштита од надворешни влијанија.