Нашиот тим – Denta ES

Нашиот Тим

Д-р Слободан Ѓеоргиев

Специјалист по орална хирургија и имплантологија


Роден во Скопје во 1979 година. Средното образование го завршил во ДСМУ Д-р Панче Караѓозов во Скопје. Стоматолошки факултет завршил во 2003 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Специјалист по орална хирургија и имплантологија е од 2011 година. Посетувал најразлични курсеви од областа на стоматологијата и се здобил со сертификати за примена на биостимулирачки ласери и хируршки ласери во стоматологија. Успешно го воведува и користењето на методот PRP (плазма богата со протеини) како во оралнохирушките интервенции, така и во лицевата естетика. Има поминато посебна обука и се здобил со лиценца за самостојна работа при примена на хијалуронски филери и Botulinum Toxin во лицева естетика, како и мезонишки во лицева регија. Меѓудругото е и сертифициран предавач за имплантологија од „Connes“.

Д-р Елена Василевска Ѓеоргиева

Специјалист по ортодонција


Родена во Скопје во 1981 година.Средното образование го завршила во Скопје. Стоматолошки факултет завршила во 2005 година на Стоматолшкиот факултет во Скопје. Во текот на својата стоматолошка пракса посетувала најразлични курсеви, а специјалист по ортодонција е од 2011 година. Работи класична ортодонција, лингвална, како и најпрестижниот Damon system. Во 2011станува Damon Doctor, а од октомври 2012 година е и официјален едукатор за Damon систем на во Македонија и Косово. Има поминато обуки за миофункционална терапија и посебна обука за темпоромандибуларна дисфункција, и „sleep apnea“ и ги третира овие нарушувања на ТМЗ со соодветен вид на терапија. Од 2015 е назначена за Key Opinion Leader за Европа, Среден Исток и Африка. Таа е активен член на WFO и од 2017 е избрана за Амбасадор од Македонија во Американската Асоцијација на Ортодонти(AAO).

Д-р Виктор Стефановски

Специјалист по протетика


Роден е во Куманово во 1984 година. Средното образование го завршил во Средното Медицинско Училиште во Штип. Стоматолошки факултет завршил во 2008 година на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Специјалист по стоматолошка протетика е од 2012 година. Посетувал најразлични курсеви од областа на стоматологијата,особено од областа на високо естетски протетски реставрации, ламинати, а има поминато и посебна обука и се здобил со лиценца за примена на хијалуронски филери во лицева естетика.

М-р Биљана Пановска

Магистер по стоматолошки науки


Родена е во Велес во 1984 година. Средното образование го завршува во родниот град, а стоматолошкиот факултет во Ниш, Р.Србија. Во 2017 година ги завршува своите магистерски студии на стоматолошкиот факултет во Скопје. Работи како доктор по општа стоматологија.

Д-р Димитри Милошевски

Доктор по општа стоматологија


Роден е во Скопје во 1987 година. Завршил средно медицинско училиште во ДСМУ Др. Панче Караѓозов во Скопје. Стоматолошкиот факултет го завршил во 2010 година на Стоматолошкиот Факултет во Скопје. Работи како доктор по општа стоматологија.

Д-р Вања Ичкова

Магистер по стоматолошки науки


Родена е во Гевгелија, 1988 год. Средното образование го завршила во родното место, а Стоматолошкиот факултет во 2012 год. во Скопје. Активно е вклучена во стоматолошката практика од 2014 год. со една година посета на магистерски студии при Стоматолошкиот факултет во Скопје. Од јануари 2016год. е магистер по стоматолошки науки поврзано со стрес редукциони методи, кога воедно и се приклучува и во тимот на ДентаЕС. Работи како доктор по општа стоматологија и е дел од тимот на Ортодонција.


Елена Алчева

Стоматолошки асистент


Родена е во Велес во 1988 год. Има завршено средно образование во Штип Во СОУ ’’ Јане Сандански ‘’ отсек забен техничар. Работи како стоматолошки асистент во Велес од 2008 година. Од јули 2013 работи во ДентаЕс како стоматолошки асистент во ординацијата по протетика.

Роберта Пешиновска

Стоматолошки асистент


Родена е во Струга 1989 година. Завршила средно медицинско училиште во ДСМУ "Др. Јован Калаузи" во Битола, отсек медицинска сестра-техничар. Дипломирала на Факултетот за Туризам и Осигурување во Охрид отсек осигурување. Работи како стоматолошки асистент и е дел од тимот на ординацијата по општа стоматологија.

Д-р Александра Пециоска

Специјалист по ортодонција


Родена во Охрид, 1980 година. Завршила природно-математичка гимназија УСО „Св.Климент Охридски“ -Охрид. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2006 год. Специјализацијата по ортодонција ја заршила на истиот факултет во 2012 год. Своето знаење го надополнува и усовршува преку посета на напредни, едукативни и работни курсеви од областа на ортодонцијата кај познати Европски предавачо. Ги работи сите техники кои ги нуди современата ортодонција денес.

Ана Здравковска

Стоматолошки асистент


Родена е во Скопје 1996 година. Завршила средно медицинско училиште во ДСМУ Др. Панче Караѓозов во Скопје, отсек забен техничар. Студент на високата школа за стручни стоматолошки сестри-орални хигиенолози при Стоматолошкиот факултет во Скопје. Работи како стоматолошки асистент и е дел од тимот на ординацијата по протетика.

Мартин Митевски

Дипл.физиотерапевт за став на тело, дисфункција на ТМЗ и Бовен терапија


Роден во Кратово 1993 година.Завршил средно медицинско училиште отсек физиотерапевт во С.О.У. "Јане Сандански" во Штип.По завршувањето на средното училиште продолжува со школување на Факултетот за Медицински Науки во Штип на Високата Медицинска школа за физиотерапевти.Во 2017 година започнува со работа во Поликлиниката ДентаЕС како единствен физиотерапевт во Македонија и регионот кој работи на проблематиките поврзани со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб.Истата година започнува со специјализација на Бовен техниката на Австралиската Академија за Бовен терапија во Букурешт,Романија.

Иван Бубало

Стоматолошки асистент


Роден во Скопје во 1997 година. Има завршено средно медицинско образование во ДСМУ - „Др. Панче Караѓозов“ - Скопје. Студент на Стоматолошкиот факултет во Скопје отсек орални хигиеничари. Од јуни 2017 работи во Дента ЕС како стоматолошки асистент, и е дел од тимот на Орална Хирургија.

д-р Моника Д. Костадиновска

Доктор по општа стоматолигија


Родена во Скопје во 1982 година. Има завршено средно медицинско образование во ДСМУ „Др Панче Караѓозов“ - Скопје, отсек стоматолошка сестра - техничар. Дипломиран доктор по општа стоматологија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Има посетено курсеви од областа на ендодонција, естетска, стоматологија, протетика, имплантологија, а воедно се има здобиено со сертификат за апликација на хијалуронски филери. Од октомври 2017 година работи во поликлиника Дента ЕС како доктор по општа стоматолигија и е дел од тимот на орална хирургија.

Стефан Темелковски

Office Manager


Роден е во Скопје 1988 година. Завршил средно медицинско училиште во ДСМУ "Панче Караѓозов" во Скопје, отсек забен техничар во 2006 год. Дипломирал на високата школа за забни техничари при стоматолошкиот факултет во Скопје во 2010 год. Посетувал повеќе курсеви за менаџмент, комуникација со клиенти и вработени. Работи на местото office manager Дента Ес. Поседува серификат за Middle Managment и сертификат за интерен ИСО проверувач.

Наташа Кипријановска

Администратор


Родена е во Скопје во 1988 г. Завршила средно медицинско училиште во Д.С.М.У. Д-р Панче Караѓозов во Скопје во 2007 година, отсек забни техничари. Има дипломирано на стоматолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје в0 2011 година, отсек дипломирани стоматолошки сестри. Има посетувано курсеви за комуникациски вештини. Работи во поликлиника Дента ЕС на работното место администратор.

Бобан Стојаноски

Менаџер за продажба и организирање настани во Веледрогерија и едукативен центар Орто Дента ЕС


Роден 1989 година во Прилеп. Задолжен за непречено функционирање на веледрогеријата (продажба, финансии, набавка, администрација, однос со клиенти, однос со добавувачи, раст и развој) и организирање настани во едукативниот центар Орто Дента ЕС.

Жаклина Гушевска

Хигиеничар


Лидија Димовска

Хигиеничар