ТМД лекување – Denta ES

ОРТОПЕДИЈА НА ВИЛИЧЕН ЗГЛОБ

Ова навистина ретко поле на работа на стоматолошките ординации е еден од нашите најважни фокуси, поради фактот дека истражувањата упатуваат на тоа дека често се јавува (дури 70% од населението ја имаат оваа болест). Нарушувањата предизвикуваат општи и локални симптоми.

Општите симптоми вклучуваат - главоболки (кои се мешаат со мигренозни), болки во вратот и укоченост, болки во кичмата, ладни нозе, несоници, вртоглавици и општа слабост, чуство на умор, додека кај децата во раст и развој ваквиот проблем со вилицата предизвикува сколиози и кифози.

Локалните пак симптоми се на ниво на самиот зглоб – прескокнување, заглавување, забоболка, зуење во уши, чести воспаленија во уши итн. Па така, луѓето често и не знаат дека го имаат овој проблем па го бараат решението во други гранки на медицината, не сваќајќи зошто и понатаму продлжуваат симптомите.

Вклучуваме најсовремени третмани за лекување на состојбите врзани за виличниот зглоб како што се третман на зглоб со вежби за зглоб, сплинт терапија која се корсити ноќно време, аквализер, третман во реконструкција на зглоб – која може да биде ортодонтска и протетска. Со овие третмани проблемот со виличниот зглоб кој е причинител на други здравствени проблеми да се реши засекогаш.

Заболување на темпоромандибуларниот зглоб и процес на лекување


Причините кои доведуваат до нарушување на функцијата на темпоромандибуларниот зглоб се многубројни, со исклучок на некои ретки случаеви кога причината за заболувањето е поврзана со сериозни телесни заболувања односно туморите, инфекциите, воспалителни заболувања на мускулноскелетниот систем и.т.н

Прочитајте повеќе во првиот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“