Фацијална Естетика – Denta ES
 

ЕСТЕТИКА


Нашата поликлиника се занимава и со фацијална естетика, освен како резултат на стоматолошките потреби, така и за подмалдување на кожата со користење на високо стручни методи. Опфаќа голема палета на третмани за подмладување како хијалуронски филери, ботокс, мезотерапија на лице и тело и PRP (platelet rich plasma).
Ние сме првата поликлиника во Македонија која работи фацијална естетика со PRP методот при што за подмладување се користи плазма од вашата сопствена крв, а отсега кај нас може да најдете и третман за ревитализација на женската интима.

 

Хијалуронски филери

Овие препарати имаат целосно природна база и се разложуваат со текот на времето. Ги користиме за отстранување на знаците на стареење, пополнување на брчки, корекција и волумен на усни, регија околу очите, брчки на дланките и деколтето, а отсега нудиме и потполно природни хидро-гелови за зачувување на женското интимно здравје. Нашата поликлиника е овластен застапник за STYLAGE® филерите од престижниот француски бренд „Vivacy“.

Прочитај повеќе...

Ботокс (Botulinium Toxin)

Го користиме за подмладување на лицето, вратот, деколтето, а исто така и за тртман на “gummy smile”. Спротивно на претераното приметливо користење на ботоксот на глобално ниво, нашите зафати се суптилни и корекциите се природни, а не очигледни.

Прочитај повеќе...

Мезотерапија на лице и тело

Вбризгување на активни материи (коктели) во средниот слој на кожата кои се користат најмногу за подмладување, а исто така и за губење на вишок килограми, целулит и затегање на кожата после раѓање или губиток на телесна маса.

Прочитај повеќе...

PRP (Platelet Rich Plasma)

Преку користење на плазма од сопствената крв на пациентот, овој метод метод овозможува неверојатно брзо зараснување на коските по хируршките асистенции, а се користи и за подмладување и ревитализација на кожата затоа што го поттикнува растот на нов колаген.

Прочитај повеќе...