Botulinium Toxin – Ботокс

Botulinium Toxin – Ботокс

Водени од потребите на стоматологијата и естетиката, едукативниот центар и стоматолошката поликлиника Дента ЕС започнаа да нудат услуги од областа на естетиката на лицето.

„За клиентите кои претпочитаат подолготрајни ефекти, користиме ботулински токсин, кој навистина може да направи драматични, но и суптилни промени на кожата, како и да коригира одредени недостатоци на кожата. Дополнително, болутинскиот токсин е корисен и за стоматолошки процедури при различни недостатоци“ д-р Слободан Ѓеоргиев од Дента ЕС.

Ботулиум токсинот или популарно наречен ботокс се користи за подмладување на кожата на лицето, вратот, деколтето, како и за примена во областа на стоматологијата за решавање на „гумената насмевка“, бруксизмот, лошите навики во мускулите на брадата и за надминување на примарна хиперхидроза. . Спротивно на вообичаеното мислење, ботоксот не е присутен само кај популарните ѕвезди, каде што често се преувеличува и забележува, туку може да се користи за многу суптилни операции кои ќе го постигнат она што го сакаме без да биде очигледно дека воопшто било нешто направено.

Консултациите се бесплатни, сите зафати ги вршат лекари специјалисти и целта е секогаш иста – поврзување на убавината и здравјето во совршена симбиоза. Јавете ни се за совет и потоа одлучете.