НАШИОТ ТИМ

М-р д-р Слободан Ѓеоргиев

Специјалист по орална хирургија и имплантологија и лицева естеттика

Роден е во Скопје во 1979 година, еден од основачите на Поликлиниката Дента ЕС, како и косопственик и основач на Едукативниот Центар и Веледрогеријата Орто Дента ЕС. Своите постдипломски студии ги завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во 2020 година станува Магистер на науки на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Квалификуван е во многу области: Доктор по стоматологија, Доктор за конструкции за реставрација на целокерамички циркониум со употреба на керамика Cercone ,Специјалист по орална хирургија, Сертифицитан доктор за употреба на Er: Yag Lite Touch Laser, Сертифициран доктор за употреба на мезоконци во меко ткиво, реконструкција на регионот на лицето и вратот.Во Дента ЕС извршува повеке работни задачи, во дел од времето како орален хирург иимплантолог, а во дел од времето како доктор одговорен за процедури врзани за лицево вратна естетика. Едукатор е и на голем број курсеви кои се одржуваат во едукативниот центар Орто Дента ЕС.

Д-р Елена Василевска Ѓеоргиева

Специјалист по ортодонција

Родена е во Скопје во 1981 година и е еден од основачите на Поликлиниката Дента ЕС како и управител на Веледрогеријата и едукативниот центар Орто Дента ЕС. Своите специјалистички студии ги заврши во 2011г и се стекнува со титула" Специјалист по Ортодонција". Има учествувано на курсеви за фиксна класична техника, бројни курсеви. за самолигирачки системи, и лингвална ортодонција, миофункционална терапија и мини импланти во ортодонтската терапија како скелетно прицврстување. Активно работи на полето на ортодонција како и третман на пациенти со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб, особено на третман на пациенти со ТМД и слип апнеа, Исто така одржува бројни курсеви и едукации во Македонија и во странство.Во 2012 година станува лиценциран едукатор за системот Damon а во 2021 година започнува со постдипломски студии на Приватниот институт Академија за естетска стоматологија и денес е еден од активните предавачи на Институтот.

Д-р Виктор Стефановски

Специјалист по протетика

Роден е во Куманово во 1984 година. Во 2008 година ги завршува своите студии на стоматолошкиот факултет во Скопје, а од 2012 година е специјалист по стоматолошка протетика. Дополнително има посетувано голем број на едукации, KOL – едукатор за Sirona CEREC систем, КОL – Ivoclar за минимално инвазивни безметални реставрации. Специјализиран е во областа на имплантолошка реставрација, функционална оклузија, кондилографија. Во Дента ЕС работи како специјалист по Стоматолошка протетика и е одговорно лице во одделот протетика во поликлиниката.

Стефан Темелковски

Healthcare Manager

Роден е во Скопје во 1988 година. Завршил средно медицинско училиште- отсек забен техничар. Во 2005 година ги завршува своите студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје Во 2022 година завршува пост-дипломски студии на УКИМ,-отсек Бизнис и финансиски менаџмент. Исто така се здобива со сертификат за ISO 9001:2015 интерен проверувач, а во моментот изучува менаџмент на Човечки ресурси на академијата Брејнстер. Во Дента ЕС работи во делот на организациски и правни работи -задолжен за финансиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси.

Д-р Биљана Пановска

Доктор по општа стоматологија

Родена е во Велес во 1984 година. Своите студии ги завршила на стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш. Исто така има завршено магистерски студии на универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во Дента Ес работи како доктор во делот на општа стоматологија.

Д-р Билјана Столеска

Доктор по општа стоматологија

Родена е во Тетово во 1988 година. Своите студии ги завршила на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј"- дипломиран стоматолог по дентална медицина. Исто така ги завршува и своите мгистерски студии по естетска стоматологија. Дополнително има посетувано обуки за лицева естетика и хијалурони. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на општа стоматологија,како и естетска стоматологија, детска стоматологија, ендодонција, протетика и лицева естетика.

Д-р Глигор Анѓелкоски

Доктор по ортодонција

Роден е во Тетово во 1990 година. Своите студии ги завршил на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" во Скопје- доктор по стоматологија. Дополнителна едукација има во областа на ортодоницја, курсеви за Damon system и класична фиксна протеза. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на ортодонција.

Д-р Ангел Андоновски

Доктор по стоматолошка протетика

Роден е во Скопје во 1993 година. Своите студии ги завршува на стоматолошкиот факултет св. Кирил и Методиј во Скопје. Моментално е на специјализација по стоматолошка протетика. Има посетувано голем број на едукации, натпревари, курс за дентална фотографија и сл. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на стоматолошка протетика, како и во делот на превентивна стоматологија, ласерска стоматологија,, Церек-едносеансна стоматологија и сл.

Д-р Рената Стефанова

Доктор по ортодонција

Родена е во Штип во 1995 година. Завршила средно медицинско училиште во Панче Караѓозов во Скопје, отсек - забни техничари. Своите студии ги завршува на стоматолошкиот факултет во Скопје – доктор по дентална медицина. Моментално работи на својот магистерски труд од областа на ортодонција, а од декември 2022 започна и специјализација по ортодонција на стоматолошкиот факултет во Скопје . Во Дента ЕС работи како доктор во делот на ортодонција.

Д-р Мартин Илиевски

Доктор по општа стоматологија

Роден е во Скопје во 1996 година. Завршил на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" -доктор по дентална медицина. Моментално работи на својот магистерски труд. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на општа стоматологија- ендодонција но асистира и во орално хируршките зафати.

Д-р Борче Арсески

Доктор по општа стоматологија

Роден е во Гостивар во 1983 година. Завршува на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" - доктор по општа стоматологија. Има посетувано разни курсеви по протетика, ендодонција, хирургија и др. Во Дента ЕС работи како доктор по општа стоматологија во делот на протетика.

Катерина Павлова

Маркетинг

Родена е во Штип во 1997 година. Своите студии ги завршува на Универзитетот Св." Кирил и Методиј" во Скопје, отсек маркетинг. По завршување на студиите ја продолжува својата едукација на Академијата за Дигитален Маркетинг на Brainster. Во Дента ЕС работи како интерен маркетер .

Андреј Ангелов

Стоматолошки асистент

Роден е во Скопје во 2001 година. Завршува средно медицинско образование во СМУГС Др. Панче Караѓозов. Моментално студира на Универзитетот Гоце Делчев а во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во делот на водење на фондовски пациенти за стоматолошка протетика.

Иван Бубало

Стоматолошки асистент

Роден е во Скопје во 1997 година. Завршува средно медицинско образование- отсек забен техничар. А студиите ги завршува на стоматолошкиот факултет отсек- стручна стоматлошка сестра-орален хигеничар. Во Дента ЕС е вработен како стоматолошки асистент во делот на орална хирургија и делот за дентална хигиена.

Елена Алчева

Стоматолошки асистент

Родена е во Велес во 1988 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ ,,Јане Сандански" - Штип отсек забен техничар. Работи во Дента ЕС како стоматолошки асистент во одделот на стоматолошка протетика.

Мери Поповска

Стоматолошки асистент

Родена е во Скопје во 1996 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ „Др. Панче Караѓозов“ – Скопје отсек забен техничар. Студира на стоматолошкиот факултет во Скопје -отсек доктор по дентална медицина. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во одделот ортодонција.

Александра Миленковска

Стоматолошки асистент

Родена е во Скопје во 1987 година. Завршува средно медицинско образование во СУГС Панче Караѓозов- отсек забен техничар. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во делот на ортодонција.

Ивана Димитриевска

Стоматолошки асистент

Родена е во Штип во 1997 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ ,,Јане Сандански" - Штип отсек медицинска сестра. Дополнително ги завршува своите студии на стоматолошкиот факултет- стручна стоматолошка сестра – дентален хигиенолог. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во одделот на општа стоматологија.

Гзиме Хоџа

Стоматолошки асистент

Родена е во Скопје во 2001 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ „Др. Панче Караѓозов“ во Скопје. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во одделот на орална хирургија.

Maja Митева

Администратор

Родена е во Скопје во 1972 година. Има завршено во ДСМУ Д-р. Панче Караѓозов, отсек забни техничари. Своите студии ги завршува на природно-математичкиот факултет во Скопје- биохемиско физиолошка насока. Има добиено сертификати во повеќе области: Сертификат за компјутерски програми и канцелариско работење, серификат за сметководство и финансиско сметководство и сертификат за напреден Office пакет. Во Дента ЕС работи во делот на администрација и прием на пациенти.

Наташа Кипријановска

Администратор

Родена е во Скопје во 1988 година. Има завршено во Д.С.М.У.Д-р. Панче Караѓозов во 2007 година, отсек забни техничари. Во 2011 година ги заврши своите студии на стоматолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје- отсек стоматолошки сестри. Има посетувано курсеви за комуникациски вештини и курс за Morpheus 8. Работи во Дента ЕС работи во делот на администрација и прием на пациенти.

Александра Пулевска

Администратор

Родена е во Тетово во 1987 година. Средното образование го завршува во Средното медицинско училиште во Тетово а потоа завршува факултет за јавна администрација. Има три годишно работно искуство во медицинска документација и прием на пацинети. А во Дента Ес работи во делот на администрација и прием на пациенти. Работи во Дента ЕС на работното место администратор.

Катерина Симовска

Хигиеничар

Дејан Тодоровски

Општ работник