„BOWEN“ и физиотерапија – Denta ES

“BOWEN” терапија

Живеењето во стресна состојба се повеќе претставува секојдневие за секој од нас. Оваа состојба предизвикана од многубројни фактори, понатаму се одразува врз организмот и го зголемува нивото на стрес кај мускулите. Она што му е потребно на нашето тело за да се врати во нормална функција е состојба на рамнотежа преку автономниот нервен систем. За да дојде до тоа, на телото му е потребно многу повеќе од актуелните рутински масажи и третмани.

За рестартирање на телото и олеснување на многу акутни и хронични заболувањa потребна е примена на “Bowen” техниката.


Што претставува “Bowen” техниката, каде е достапна и кои проблеми ги решава?
Прочитајте повеќе во првиот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“

BABY BOWEN


При користење на Baby Bowen терапијата треба да се земе во предвид дека не ја заменува континуираната грижа од страна на детскиот педијатар.

Исхраната и здравјето на мајката која се грижи за детето е потенцијален предизвикувачки фактор кај нивните симптоми. Новороденчињата имаат Colicky Baby syndrome или Infantile colic забележани во абдоменот односно абдоминалните мускули или респираторен дискомфорт кој предизвикува новороденчето да се чуствува вознемирено.

Прочитајте повеќе во првиот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“

 
  • Милена Антовска Станковска
    „Речиси сите новороденчиња се соочуваат со грчеви и болки кои предизвикуваат да се чувствуваат вознемирено, токму овој проблем го имав со мојата ќерка Лана Марија. Поради моето неискуство и непознавање на таа тема, на почетокот бев исплашена и се обидував на повеќе начини да и ги олеснам болките на Лана Марија, но за среќа го најдов идеалното решение кое би им го препорачала на сите родители. Станува збор за техниката наречена Baby Bowen, која нуди исклучителна корист и олеснување за овие типови на симптоми. По само три третмани во поликлиниката Дента ЕС, болките и грчевите кај Лана Марија се намалија и со текот на времето потполно исчезнаа. Покрај третманите, добив и обука од физиотерапевтот за да можам и јас самата да ја масирам мојата ќерка во домашни услови. Се обидов на секаков начин да ги спречам грчевите, но Baby Bowen третманите се покажаа како најдобар и најефикасен, а по третманот бебето ужива и има мирен сон.“
    Милена Антовска Станковска
    ТВ водителка