Хијалуронски филери – Denta ES

ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ

Поттикнати од потребите на стоматологијата но и на естетиката, едукативниот центар и стоматолошка поликлиника - Дента ЕС нуди услуги во полето на фацијалната естетика.
„Нашите клиенти често се одлучуваат за хијалуронот затоа што е на целосно природна основа и се разложува со текот на времето. Користиме препарати со врвен квалитет, аплицирани од професионални доктори по медицина, со знаење кое потекнува од долгогодишното искуство на нашите партнери. „ доктор Слободан Ѓеорѓиев од Дента ЕС.
Хијалуронските препарати (филери) се на природна основа и со тек на време нивното дејство поминува, па од тој аспект се погодни за оние кои сакаат суптилно да го подобрат изгледот на својата кожа преку пополнување на брчките, не знаат дали сакаат одредена трајна корекција или пак како превентива за да не настанат подлабоки брчки.
Хијалуронските филери се користат за отстранување на знаците на стареење, како што се корекција на контури и волумен на усните, корекција на усни, назолабијални брчки, марионети, глабеларна регија, регија околу очите или така наречени “crow feets”, линеарни брчки на челото, јагодици, образ, деколте и дланка.

Консултациите се бесплатни, сите зафати ги извршуваат доктори специјалисти и целта е секогаш единтсвена  –поврзување на убавината и здравјето во совршена симбиоза. Јавете ни се за совет па потоа решете.

Прочитајте повеќе за хијалуронските филери во вториот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“.