Општа стоматологија – Denta ES
 

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА


Општата стоматологија е во основата на нашата работа. Опфаќа лекување на заби, пломбирање – сите неопходни работи за кои кај нас доаѓаат и децата и возрасните. Она што не разликува од останатите е употребата на високо квалитетни и високо естетски материјали: композити и нано – композити кои имаат ситни честички за максимална цврстина и естетика.
 

Ендодонција

Во лекувањето на забите спаѓа и ендодонцијата, лекувањето на канали кое се прави со отстранување на нервите, со апекс локатори со кои се одредува дигитално должината на коренот.

Исто така, работиме и полнење на канали со најсовремени билошки пасти на база на смола – кои се без токосчни материјали, таканаречени гутаперки.Би го спомнале и полнењето со термафил – каде преку топла кондензација материјалот се топи во каналот, совршено исполнувајќи го каналот. Ја практикуваме и латералната – ладна кондензација, која комбинира смола и гутаперки.Во комплексните ситуации кои се појавуваат при лекувањето на канали користиме и машинаска обработка на канали со која ова се избегнува појава на рецидив, циста, коскени дефекти, коскени репсорпции итн.А за уништување на бактериите во каналот пред неговото полнење користиме ласерска стерилизација на канали.


 

Пломбирање на заби

Чистење на кариес, реставрирање на природната форма, функцијата и естетика на забот, пломбирање со композити и нано-композити со висок квалитет.



Белеење на заби

Ласерско белење на заби со кое може да се добие и до 7 пати посветла нијанса, отстранување на забни пигменти предизвикани од консумирање на пијалаци, кафе и цигари.


Во текот на животот се менува природната боја на забите. Најчести причини за промената на бојата (пребојувањето) на забите се: стареење, претерана конзумација на цигари,обоени напитоци како чај, кафе, кока кола, потоа како последица на флуороза ( претеран внес на флуор во организмот за време на растот и развојот на забите), како и тетрациклинска пребоеност на забите.
Белеење на забите е денес една од најпопуларните интеревенции во естетската стоматологија. Постојат два типа на избелување на забите:
-ординациско (професионално) избелување на забите
-куќно избелување на забите

Прочитајте повеќе во третиот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“.


Детска стоматологија

Обука за правилно четкање на забите, грижа за млечните заби, залевање на фисурите на трајните заби и екстаркција на млечни заби.

Еден од главните фактори за успешна стоматолшка терапија кај децата е добра соработка помеѓу стоматологот и пациентот која се базира на стекнување на довербата на детето и одстранување на фобијата и стравот кај детето од самата интервенција колку што е можно повеќе.
Една од најчестите и најбитните мерки во борбата против појавувањето на кариозните лезии е залевањето на фисурите кај младите трајни заби.
Редовна и правилна орална хигиена, редовни посети на стоматолог и спроведување на упаствата и советите дадени од него заедно со превентивно залевање на фисурите е исправен и сигурен начин за долготрајното сочувување на оралното здравје и убавата насмевка!

Прочитајте повеќе во третиот број на бесплатниот тромесечник „Информатор“.

Чистење на заби

Отстранување на забен камен со помош на ултразвук, обработка на пародонтални џебови, полирање со полир паста, гумички, дискови, пескарење и слично.