Орална хирургија – Denta ES
 

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА


Оралната хирургија е уште една од нашите специјалистички услуги и истата ја користиме кога конзервативниот пристап не е доволен, односно кога е потребно хируршко лекување на пациентот. Опфаќа ендодонтска хирургија, хирургија на трети умници, имплантологија, подигнување на синусна шуплина, пародонтална хирургија, пресадување на коска, ласерска хирургија итн.
Хируршкиот ласер е важен дел од модерната технологија која ја користиме во „Дента ЕС“, со кој Вие добивате безболен и брз третман, без крварење, со минимални анестетици, и без шиење и антибиотици.
 

Имплантологија

Вградување импланти со сертификат и гаранција за квалитет, подигнување на синусна шуплина (sinus liſt), водена коскена регенерација, употреба на биолошки материјали како коскени гранули и колагена мембрана и сите останати хируршки процедури во импантологијата.

Имплантот има неколку предности во споредба со другите методи за надоместок на изгубени заби. Изгледот и функцијата на имплантот се сосема природни. Со помош на всадените импланти ја спречуваме понатамошната коскена ресорпција која најчесто се појавува при опаѓање на забите, не ги жртвуваме преостанатите здрави заби во неговата непосредна близина како резултат на понатамошни третмани од областа на протетиката и со својата цврстина всадениот имплантот претставува одличен кандидат за носач на фиксни протези со што се отстранува можноста за појава на иритација што е случај кај мобилните протези.
СОВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СИТЕ ВИДОВИ НА НЕДОСТАТОК НА ЗАБИ

Орална хирургија

Екстракција на заби, хируршки третман на цисти и грануломи, екстракција на импактирани заби, хируршки третман на отворен синус, мекоткивна и коскена претпротетска хирургија.


Парадонтална хирургија

Вградување импланти со сертификат и гаранција за квалитет, подигнување на синусна шуплина (sinus liſt), водена коскена регенерација, употреба на биолошки материјали како коскени гранули и колагена мембрана и сите останати хируршки процедури во импантологијата.