Ортодонција – Denta ES
 

ОРТОДОНЦИЈА


Ортодонцијата е една од нашите водечки специјалистички услуги. Ние сме лидери во третманот на темпоромандибуларна дисфункција и единствена поликлиника која се занимава со ортопедија на виличниот зглоб кај пациентите. Опфаќа корекција на неправилно поставените заби преку фиксни и мобилни апарати, лингвална ортодонција и функционална ортодонција со ортогнатолошки пристап.
Нашата најголема предност во полето на ортодонцијата е „DAMON“ системот на „Ormco“, кој покрај третманот на забите делува на целото лице и значително го скратува времето на носење протези.
 

Фиксна ортодонција

Фиксни класични и „DAMON“ протези, почнувајќи од метални, титаниумски, високо естетски циркониумски, се до кристално чисти и транспарентни „ice“ брикети од компанијата „Ormco“.

Мобилна ортодонција

Класични мобилни протези или мултифункционални апарати кои овозможуваат правилен раст и развој кај најмладите, од 3 години па се до пубертет.



 

DAMON SYSTEM
- систем со благи сили!

Постои повеќе од 20 години, го користат 4000 ортодонти во светот и досега се третирани 1.500.000 пациенти! Никогаш не е доцна за насмевка каква секогаш сте посакувале! Фиксните протези можат да поместуваат заби во било која возраст. Носењето на кристално провидни брекети нема да смета на Вашиот приватен и деловен живот! Ако можат познатите личности, зошто не би можеле и Вие!

DAMON Clear тоа го прави неприметно, Вашата терапија е наша тајна!


 

Функционална ортодонција

Уникатен тип на третман со т.н. Франкел апарат кој вклучува ортогнатолошки пристап кој овозможува решавање на ставот и позицијата на телото кај децата.

Лингвална ортодонција

Невидливи протези од компанијата „Ormco“ кои се поставуваат од внатрешната страна на забите и служат за брзо решавање на аномалиите кај предните заби.

 

Наш партнер – ORMCO

Ортодонцијата е едно од нашите најважни полиња на работа. Затоа, решивме да ви понудиме најдоброто преку системите кои го користат принципот кој е особено важен за нас - да се третира секој пациент како посебна индивидуа. Со нашиот партнер „Ormco“, станавме едукатори и претставници на најпрестижниот бренд „DAMON“, кој преку ортодонтот "ориентиран кон лицето" не само што оствари револуција во протезите туку и воведе нов аспект на лекување на пациентите. Системот „DAMON“ се карактеризира со поголема удобност на пациентот, помалку контроли, процесот се прави без вадење на забите, пократок третман и подобри резултати постигнати со употреба на светло-биолошки чувствителни сили.

Ние нудиме најдобри опции за вас, бидејќи само со внатрешно здравје можеме да постигнеме естетика надвор.