Протетика

Протетиката како специјалистичка гранка во стоматологијата се занимава со третирање и корекција  на дисбалансот во оралната празнина кој настанува поради губењето на поедини или сите заби во усната празнина. Овој третман опфаќа поставување на точната дијагноза, планирање на терапија, рехабилитација со надоместување на загубените заби со фиксни или мобилни протетски конструкции најчесто изработени од високо квалитетни и биокомпатибилни материјали како, керамика, стакло-керамика и цирконија.

Во „Дента ЕС“ ја користиме најмодерната технологија за 3D дизајн позната како „CAD-CAM“ која работи со висока прецизност и гарантира идеално налегнување на изработките.

Ламинати

Ламинатите претставуваат високо естетска фиксна конструкција на забите во фронтот изработена од високо квалитетни материјали кои даваат природен изглед на забите со цел да се постигне саканата насмевка, без или со минимално стругање на забната површина.

Директните композитни ламинати овозможуваат ремоделирање на забите без стругање на забните ткива и се изработуваат од високо квалитетни нано композитни материјали со висок сјај и природен изглед.

Фиксна протетика

Реставрација на загубените заби преку изработка на метал керамички и без метални коронки и мостови, како и протетски надрградби со висок квалитет и природен изглед.

Мобилна протетика

Класични мобилни и метални протези познати како „визил“, за надоместување на парцијална или тотална беззабост кај пациентот.

Дигитален 3Д отпечаток

Изработка на коронки и мостови со помош на компјутерско воден дизајн и компјутерско водено производство (CAD-CAM) врз основа на претходно направен дигитален отпечаток од забите и ткивата во усната шуплина.

Протетика над имплантанти

Изработка на коронки и мостови врз импланти и мобилни протези врз мини импланти како последна фаза од имплантологијата.

Дигитално дизајнирана насмевка

Денес не е доволно да се има само заби  што немаат биолошки и функционални проблеми! Луѓето сакаат убава насмевка, интегрирана со нивните физички карактеристики и, во исто време, во хармонија со сопствените емоционални аспекти. Дигитално дизајнираната насмевка (DSD) претставува ново лице во стоматологијата – почовечко, емотивно и уметничко – што дополнително ја подобрува нашата благородна професија во општеството, со користење на видео и природни услови што јасно можеме да ги видиме, бидејќи после се, не постојат многу нешта во животот кои се поважни од една здрава, природна, сигурна и убедлива убава насмевка!

Со децении, стоматолозите се обидуваат да ја усогласат формата на забите со целото лице врз основа на параметри, како што се полот, карактерот и возраста. Но, вистинските успешни резултати биле недофатлииви. Модерната стоматологија треба да се осовремени со цел да се задоволат очекувањата на луѓето со големи очекувања. За да се постигне таков вид резултат, модерниот стоматолог треба да оди чекор подалеку, отколку да биде само добар професионалец.