PRP (плазма богата со тромбоцити) – Denta ES

PRP (плазма богата со тромбоцити)


Помогнете си себеси без да внесете ништо однадвор. Факторите на раст како основа за зацелување.  На здравиот организам некогаш му е потребна само мала помош за чудотворно да си помогне себеси. Но овој пат се работи за вашата крв од која може да се добијат неверојатни резултати.
PRP (Рatelet Rach Plasma) е нус-производ на крвта (плазма), богата со тромбоцити. Но што е толку посебно во врска со тоа? Тромбоцитите извршуваат многу функции, вклучително и згрутчување на крвта и ослободување на факторите за раст. Овие добиени фактори за раст ги стимулират матичните клетки да регенерираат ново ткиво. Колку повеќе фактори за раст има, толку повеќе матични клетки се стимулирани да произведат ново ткиво па телото се лекува побрзо и поефикасно. Па затоа PRP до сега наоѓаше примена во медицината кај зацелување на рани.


Подмладување на кожата со PRP

Но во последно време се користи и за подмладување на кожата – факторите на раст вратени повторно во кожата иницираат раст на нов колаген, ново масно ткиво (кое придонесува кожата да стане мазна) и нови крвни садови (за здрав сјај на кожата). Вистинско чудо, без никакви последици со кое се враќа формата, се подобрува тенот и текстурата и буквално се создава ново и помладо ткиво.

Раст на коска при стоматолошки зафати 

Подфамилија на хормоните за раст се коскените морфогенски протеини, па затоа со нив може да се  формира и нова коска. Од таму потекнува употребата на PRP за калемење на коска при стоматолошките зафати, како при ставање на забни импланти  - сега може да се предизвика коската да расте повеќе од очекувано и побрзо отколку кога било досега. Може да се користи и кај: апликација на графтови, процедури за подигнување на синусите, процедури за зголемување на гребенот, затворање на расцеп на усна и поправка на дефекти кај непцето, како и поправка на фистули помеѓу шуплината на синусот и устата.

Како се изведува? 

Доволно количество на тромбоцити се добива од само 15-55cc крв – тоа е сопствената крв на пациентот, па затоа какви било преносливи болести не се возможни. А тоа го прави зафатот и целосно безбеден – сè што се враќа назад во организмот е крвта па таа не може да предизвика никакви реакции. Единствена што оваа постапка ја спроведува и во полето на фацијалната естетика во Македонија е поликлиниката Дента ЕС која неодамна ја набави оваа опрема.