Ортодонција

Ортодонцијата е една од нашите водечки специјалистички услуги. Ние сме лидери во третманот на темпоромандибуларна дисфункција и единствена поликлиника која се занимава со ортопедија на виличниот зглоб кај пациентите. Опфаќа корекција на неправилно поставените заби преку фиксни и мобилни апарати, алајнери и функционална ортодонција со ортогнатолошки пристап.

Нашата најголема предност во полето на ортодонцијата е „DAMON“ системот на „Ormco“, кој покрај третманот на забите делува на целото лице и значително го скратува времето на носење протези.

Фиксна ортодонција

Фиксни класични и „DAMON“ протези, почнувајќи од метални, титаниумски, високо естетски циркониумски, се до кристално чисти и транспарентни „ice“ брикети од компанијата „Ormco“.

Дознај повеќе…

Мобилна ортодонција

Класични мобилни протези или мултифункционални апарати кои овозможуваат правилен раст и развој на забите кај најмладите, од 3 години па се до 15 години.

Damon System

Постои повеќе од 20 години, го користат илјадинци ортодонти во светот и досега се третирани 1.500.000 пациенти! Никогаш не е доцна за насмевка каква секогаш сте посакувале! Фиксните протези можат да поместуваат заби во било која возраст. Носењето на кристално провидни брекети нема да смета на Вашиот приватен и деловен живот! Ако можат познатите личности, зошто не би можеле и Вие!

DAMON Clear тоа го прави неприметно, Вашата терапија е наша тајна!

Функционална ортодонција

Уникатен тип на третман со т.н. Франкел мобилен апарат кој вклучува ортогнатолошки пристап кој овозможува решавање на ставот и позицијата на телото кај децата.

Ортодонција со алајнери

Успешно решавање на естетските и функционални недостатоци со современите недвидливи протези т.н. алајнери. Преку дигитален скен до транспарентни и ефикасни фолии, кои ќе ја трансформираат вашата насмевка до посакуваниот резултат.

Дознај повеќе…

Лингвална ортодонција

Невидливи протези од компанијата „Ormco“ кои се поставуваат од внатрешната страна на забите и служат за брзо решавање на аномалиите кај предните заби. Компелтно се естетски и совршена опција за луѓе на кои естетиката им е најважна.

Наш партнер – „ORMCO“

Ортодонцијата е едно од нашите најважни полиња на работа. Затоа, решивме да ви го понудиме најдоброто преку системите кои го користат принципот кој е особено важен за нас – да се третира секој пациент како посебна индивидуа. Со нашиот партнер „Ormco“, станавме едукатори и претставници на најпрестижниот бренд „DAMON“, кој преку ортодонтот “ориентиран кон лицето” не само што оствари револуција во протезите туку и воведе нов аспект на лекување на пациентите. Системот „DAMON“ се карактеризира со поголема удобност на пациентот, помалку контроли, процесот се прави без вадење на забите, пократок третман и подобри резултати постигнати со употреба на светло-биолошки чувствителни сили.

Ние нудиме најдобри опции за вас, бидејќи само со внатрешно здравје можеме да постигнеме естетика надвор.

Електромиографија

Електромиографијата овозможува ефикасно да се оцени влијанието на забниот контакт во активирањето на мастикаторната мускулатура, со цел:

  • Да се избегнат функционални промени кај здрави пациент;
  • Подобрување на ефективноста на функционализацијата ( пр.фиксна и привремена протеза, импланти, сплинтови и.т.н. );
  • Дијагностицирање на пациенти со нерамнотежа;
  • Балансирање на пациенти со нерамнотежа од дентално потекл;
  • Покажување на пациентите објекнивни информации за подобро да им се понудат потребните третмани;
  • Зголемување на перцепцијата за квалитетот на услугите односно третманот;
  • Мониторинг (следење) на функционалното здравје на пациентите.

Снимањето се изведува во два чекори преку биполарни електроди позиционирани на кожата на лицето на мастикаторната мускулатура и двата реализирани во неколку секунди одделно еден по друг.

Ортопедија на виличен зглоб

Ова навистина ретко поле на работа на стоматолошките ординации е еден од нашите најважни фокуси, поради фактот дека истражувањата упатуваат на тоа дека често се јавува (дури 70% од населението ја имаат оваа болест). Нарушувањата предизвикуваат општи и локални симптоми.

Општите симптоми вклучуваат – главоболки (кои се мешаат со мигренозни), болки во вратот и укоченост, болки во кичмата, ладни нозе, несоници, вртоглавици и општа слабост, чуство на умор, додека кај децата во раст и развој ваквиот проблем со вилицата предизвикува сколиози и кифози.

Локалните пак симптоми се на ниво на самиот зглоб – прескокнување, заглавување, забоболка, зуење во уши, чести воспаленија во уши итн. Па така, луѓето често и не знаат дека го имаат овој проблем па го бараат решението во други гранки на медицината, не сваќајќи зошто и понатаму продлжуваат симптомите.

Вклучуваме најсовремени третмани за дијагностика и лекување на состојбите врзани за виличниот зглоб како што се третман на зглоб со вежби за зглоб, сплинт терапија која се корсити ноќно време, аквализер, третман во реконструкција на зглоб – која може да биде ортодонтска и протетска. Со овие третмани проблемот со виличниот зглоб кој е причинител на други здравствени проблеми да се реши засекогаш.

Заболување на темпоромандибуларниот зглоб и процес на лекување

Причините кои доведуваат до нарушување на функцијата на темпоромандибуларниот зглоб се многубројни, со исклучок на некои ретки случаеви кога причината за заболувањето е поврзана со сериозни телесни заболувања односно туморите, инфекциите, воспалителни заболувања на мускулноскелетниот систем и.т.н

Spinal Mouse

Компјутерска 3Д дијагностика без радиоактивно зрачење.

„Spinal mouse “е уред кој во комбинација со компјутерска програма ги проценува кривините на ‘рбетниот столб без примена на радиоактивно зрачење. Со уредот се ракува рачно по кожата на грбот по должината на ‘рбетот. Мерната глава, анатомски ја следи контурата на ‘рбетот во сагитална и фронтална рамнина и ги евидентира клинички релевантните податоци. Софтвертската програма користи софистициран алгоритам за да ги пресмета клиничките параметри.

Преглед или дијагностицирање со Spinal Mouse овозможува: мерење на сегменталните и глобалните агли во сагитална и фронталnа рамнина, мерење на ставот на телото и движење на ‘рбетниот столб, мерење на функциите на ‘рбетот и перформансите. Мерењата се брзи и лесно се изведуваат, точни, сигурни и безопасни за пациентот.

Во споредба со другите постоечки методи Spinal Mouse нуди предности во смисла на точност, објективност, репродуктивност, презентација на податоци, не инвазивност, отсуство на штетно радиоактивно зрачење, леснотија на користење и одличен сооднос на трошоците и придобивките.

Нашата Поликлиника Дента ЕС е единствена во регионот која овозможува преглед или дијагнстицирање со Spinal Mouse.