ЗА НАС – Denta ES
 

Добредојдовте во нашата поликлиника


 

Наша Визија

Сите луѓе да имаат анатомска и функционална рамнотежа на оро-фацијалниот систем во долната третина на лицето, задоволни се од својот изглед и живеат среќно!

Нашата визија е да станеме лидер за специфичните области кои ги работиме и сериозен дел од стоматологијата и фацијалната естетика во Македонија. Преку детална грижа за пациентите, за нивна што поцелосна добросостојба, да создадеме Поликлиника со која ќе останат и они и нивните деца.

 

Наша Мисија

Безрекорно организирани, неизмерно љубезни, совршено едуцирани и стручни, најмодерно опремени, користејќи ги најсовремените и најдобри материјали, во најблиска соработка со пациентите ги избираме и реализираме најправилните, најдостапните а исплатливи интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

Преку стручна, одлично подготвена, искрена и посветена едукација го подигнуваме нивото на знаење и способности на целиот стоматолошки персонал во државата и пошироко.

Нашата мисија е да претставува симбол за врвна стоматолошка практика во која секој специјалист се грижи за одредена практика на најдобар можен начин. Помагајќи им на пациентите во уникатните состојби кои ги имаат, ние сме единствените за одредени области и тоа овозможува целопкупност на нашето делување. Истрајни сме, затоа што само со здравје однатре се постигнува естетика однадвор.

 

Искуства од наши пациенти

Милена Антовска Станковска

ТВ водителка


„Речиси сите новороденчиња се соочуваат со грчеви и болки кои предизвикуваат да се чувствуваат вознемирено, токму овој проблем го имав со мојата ќерка Лана Марија. Поради моето неискуство и непознавање на таа тема, на почетокот бев исплашена и се обидував на повеќе начини да и ги олеснам болките на Лана Марија, но за среќа го најдов идеалното решение кое би им го препорачала на сите родители. Станува збор за техниката наречена Baby Bowen, која нуди исклучителна корист и олеснување за овие типови на симптоми. По само три третмани во поликлиниката Дента ЕС, болките и грчевите кај Лана Марија се намалија и со текот на времето потполно исчезнаа. Покрај третманите, добив и обука од физиотерапевтот за да можам и јас самата да ја масирам мојата ќерка во домашни услови. Се обидов на секаков начин да ги спречам грчевите, но Baby Bowen третманите се покажаа како најдобар и најефикасен, а по третманот бебето ужива и има мирен сон.“

Миланка Рашиќ

ТВ автор


„Како дете одев на стоматолог како рак, два чекори напред, шест назад. Стравот ми остана со години. За среќа, во „Дента Ес“ запознав врвни професионалци и прекрасни луѓе, на чија стручност и поддршка можам да сметам во секој момент. Пресудно беше што ја имаа мојата доверба од првиот ден. Да ми речеше некој пред две години дека ќе носам протеза, ќе му кажев дека е луд. Излезе дека тоа беше една од моите најпаметни одлуки. По година и пет месеци протезата Дејмон отиде во вечноста, а јас сум пресреќна, на сите слики и пред камерите насмеана. Да не го заборавам крајот на приказната, д-р Виктор се надмина себеси, прав волшебник е! „Дента Ес“, ви благодарам од срце за мојата блескава насмевка! Спремна сум за Холивуд и интервјуа со ѕвездите!“

Сузана Палчевска


„Моето повеќемесечно искуство со поликлиниката започна во март 2017 година по препорака на задоволен пациент. Но тоа што го доживеав од целокупниот тим на оваа ординација ги надмина моите очекувања. Немам доволно убави зборови да ја доловам мојата благодарност и задоволство од нивната работа и посветеност. Овие млади лица, големи професионалци полни со разбирање и љубезност и желба да го употребат целото свое знаење за да ви го подобрат здравјето сами ми потврди дека сум на правото место. Навистина е задоволство да си дел од тим на кој што пациентот му е на прво место.“

Љупка Стојаноска


„Не знам од каде би почнала. Кога би пишувала редоследно би ми требале денови да ги напишам сите позитивни ситуации во оваа ординација која што направи да го изгубам стравот од стоматолог. Која што направи да се чувствувам како дел од ова среќно семејство кое секогаш е исполнето со ведрина, преубави насмевки и многу хумор. Останете такви какви што сте, правете ги луѓето среќни и подарувајте им убава насмевка. Голем поздрав и ви благодарам за се.“

Афрдита Курти


„Поликлиниката Дента ЕС за мене е најпрекрасното место кај што сум се осеќала удобно, сигурно за мене и моите деца. Сите мои деца носат Damon протези кај д-р Елена која што е една исклучителна докторка која што ми влеа сигурност на мене и моите деца дека можат да си ги решат тешките состојби во устата и забите. Им ја врати убавата насмевка, со еден збор као мајка имам само пофалби до д-р Елена и тимот на Дента ЕС.“

Љубомир Младеновски


„Сакам да искажам големо задоволство после долгогодишната Damon терапија. Главоболките, вртоглавиците и болките во вилицата повеќе се минато за мене. Од се срце и искрено им го препорачувам овој третман на сите што имаат слични проблеми да го одберат тимот на Дента ЕС за проблемите да им бидат одстранети.“