Мезотерапија / Мезонити
Мезотерапија / Мезонити
Мезотерапијата вклучува инјектирање на активни супстанции во средниот слој на кожата или мезодермот. Во зависност од воведениот коктел се постигнуваат различни ефекти, па мезотерапијата може да се примени во различни области од медицината, како што се: дерматологија, ревматологија, стоматологија, естетска медицина, спортска медицина, физикална терапија, оториноларингологија итн.
Најпопуларна е употребата на мезотерапија на лицето како начин за подмладување и освежување на кожата. Со само допирање до средниот слој на кожата, се постигнуваат подобри резултати од користење само локални препарати како креми за лице. За да го постигнеме ова, користиме ролери (дерма пенкала), но и ги внесуваме активните состојки во кожата со помош на безболна мала игла, допирајќи ја секоја пора на кожата поединечно. Во Дента ЕС користиме коктели за мезотерапија на лице од врвната козметика на INNO AESTHETICS.
Но, мезотерапијата на телото се користи и за: губење на вишок облини и целулит, затегнување на кожата по влијание на различни фактори како породување, губење на телесна маса итн.