НАШИОТ ТИМ
М-р д-р Слободан Ѓеоргиев
Специјалист по орална хирургија и имплантологија и лицева естеттикаРоден е во Скопје во 1979 година, еден од основачите на Поликлиниката Дента ЕС, како и косопственик и основач на Едукативниот Центар и Веледрогеријата Орто Дента ЕС. Своите постдипломски студии ги завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во 2020 година станува Магистер на науки на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Квалификуван е во многу области: Доктор по стоматологија, Доктор за конструкции за реставрација на целокерамички циркониум со употреба на керамика Cercone ,Специјалист по орална хирургија, Сертифицитан доктор за употреба на Er: Yag Lite Touch Laser, Сертифициран доктор за употреба на мезоконци во меко ткиво, реконструкција на регионот на лицето и вратот.Во Дента ЕС извршува повеке работни задачи, во дел од времето како орален хирург иимплантолог, а во дел од времето како доктор одговорен за процедури врзани за лицево вратна естетика. Едукатор е и на голем број курсеви кои се одржуваат во едукативниот центар Орто Дента ЕС.
Д-р Елена Василевска Ѓеоргиева
Специјалист по ортодонцијаРодена е во Скопје во 1981 година и е еден од основачите на Поликлиниката Дента ЕС како и управител на Веледрогеријата и едукативниот центар Орто Дента ЕС. Своите специјалистички студии ги заврши во 2011г и се стекнува со титула" Специјалист по Ортодонција". Има учествувано на курсеви за фиксна класична техника, бројни курсеви. за самолигирачки системи, и лингвална ортодонција, миофункционална терапија и мини импланти во ортодонтската терапија како скелетно прицврстување. Активно работи на полето на ортодонција како и третман на пациенти со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб, особено на третман на пациенти со ТМД и слип апнеа, Исто така одржува бројни курсеви и едукации во Македонија и во странство.Во 2012 година станува лиценциран едукатор за системот Damon а во 2021 година започнува со постдипломски студии на Приватниот институт Академија за естетска стоматологија и денес е еден од активните предавачи на Институтот.
Д-р Виктор Стефановски
Специјалист по протетикаРоден е во Куманово во 1984 година. Во 2008 година ги завршува своите студии на стоматолошкиот факултет во Скопје, а од 2012 година е специјалист по стоматолошка протетика. Дополнително има посетувано голем број на едукации, KOL – едукатор за Sirona CEREC систем, КОL – Ivoclar за минимално инвазивни безметални реставрации. Специјализиран е во областа на имплантолошка реставрација, функционална оклузија, кондилографија. Во Дента ЕС работи како специјалист по Стоматолошка протетика и е одговорно лице во одделот протетика во поликлиниката.
Стефан Темелковски
Healthcare ManagerРоден е во Скопје во 1988 година. Завршил средно медицинско училиште- отсек забен техничар. Во 2005 година ги завршува своите студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје Во 2022 година завршува пост-дипломски студии на УКИМ,-отсек Бизнис и финансиски менаџмент. Исто така се здобива со сертификат за ISO 9001:2015 интерен проверувач, а во моментот изучува менаџмент на Човечки ресурси на академијата Брејнстер. Во Дента ЕС работи во делот на организациски и правни работи -задолжен за финансиски менаџмент и менаџмент на човечки ресурси.
Д-р Биљана Пановска
Доктор по општа стоматологијаРодена е во Велес во 1984 година. Своите студии ги завршила на стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Ниш. Исто така има завршено магистерски студии на универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во Дента Ес работи како доктор во делот на општа стоматологија.
Д-р Билјана Столеска
Доктор по општа стоматологијаРодена е во Тетово во 1988 година. Своите студии ги завршила на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј"- дипломиран стоматолог по дентална медицина. Исто така ги завршува и своите мгистерски студии по естетска стоматологија. Дополнително има посетувано обуки за лицева естетика и хијалурони. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на општа стоматологија,како и естетска стоматологија, детска стоматологија, ендодонција, протетика и лицева естетика.
Д-р Глигор Анѓелкоски
Доктор по ортодонцијаРоден е во Тетово во 1990 година. Своите студии ги завршил на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" во Скопје- доктор по стоматологија. Дополнителна едукација има во областа на ортодоницја, курсеви за Damon system и класична фиксна протеза. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на ортодонција.
Д-р Ангел Андоновски
Доктор по стоматолошка протетикаРоден е во Скопје во 1993 година. Своите студии ги завршува на стоматолошкиот факултет св. Кирил и Методиј во Скопје. Моментално е на специјализација по стоматолошка протетика. Има посетувано голем број на едукации, натпревари, курс за дентална фотографија и сл. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на стоматолошка протетика, како и во делот на превентивна стоматологија, ласерска стоматологија,, Церек-едносеансна стоматологија и сл.
Д-р Рената Стефанова
Доктор по ортодонцијаРодена е во Штип во 1995 година. Завршила средно медицинско училиште во Панче Караѓозов во Скопје, отсек - забни техничари. Своите студии ги завршува на стоматолошкиот факултет во Скопје – доктор по дентална медицина. Моментално работи на својот магистерски труд од областа на ортодонција, а од декември 2022 започна и специјализација по ортодонција на стоматолошкиот факултет во Скопје . Во Дента ЕС работи како доктор во делот на ортодонција.
Д-р Мартин Илиевски
Доктор по општа стоматологијаРоден е во Скопје во 1996 година. Завршил на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" -доктор по дентална медицина. Моментално работи на својот магистерски труд. Во Дента ЕС работи како доктор во делот на општа стоматологија- ендодонција но асистира и во орално хируршките зафати.
Д-р Борче Арсески
Доктор по општа стоматологијаРоден е во Гостивар во 1983 година. Завршува на стоматолошкиот факултет "Св Кирил и Методиј" - доктор по општа стоматологија. Има посетувано разни курсеви по протетика, ендодонција, хирургија и др. Во Дента ЕС работи како доктор по општа стоматологија во делот на протетика.
Катерина Павлова
МаркетингРодена е во Штип во 1997 година. Своите студии ги завршува на Универзитетот Св." Кирил и Методиј" во Скопје, отсек маркетинг. По завршување на студиите ја продолжува својата едукација на Академијата за Дигитален Маркетинг на Brainster. Во Дента ЕС работи како интерен маркетер .
Андреј Ангелов
Стоматолошки асистентРоден е во Скопје во 2001 година. Завршува средно медицинско образование во СМУГС Др. Панче Караѓозов. Моментално студира на Универзитетот Гоце Делчев а во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во делот на водење на фондовски пациенти за стоматолошка протетика.
Иван Бубало
Стоматолошки асистентРоден е во Скопје во 1997 година. Завршува средно медицинско образование- отсек забен техничар. А студиите ги завршува на стоматолошкиот факултет отсек- стручна стоматлошка сестра-орален хигеничар. Во Дента ЕС е вработен како стоматолошки асистент во делот на орална хирургија и делот за дентална хигиена.
Елена Алчева
Стоматолошки асистентРодена е во Велес во 1988 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ ,,Јане Сандански" - Штип отсек забен техничар. Работи во Дента ЕС како стоматолошки асистент во одделот на стоматолошка протетика.
Мери Поповска
Стоматолошки асистентРодена е во Скопје во 1996 година. Завршува средно медицинско образование во ДСМУ „Др. Панче Караѓозов“ – Скопје отсек забен техничар. Студира на стоматолошкиот факултет во Скопје -отсек доктор по дентална медицина. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во одделот ортодонција.
Александра Миленковска
Стоматолошки асистентРодена е во Скопје во 1987 година. Завршува средно медицинско образование во СУГС Панче Караѓозов- отсек забен техничар. Во Дента ЕС работи како стоматолошки асистент во делот на ортодонција.
Наташа Кипријановска
АдминистраторРодена е во Скопје во 1988 година. Има завршено во Д.С.М.У.Д-р. Панче Караѓозов во 2007 година, отсек забни техничари. Во 2011 година ги заврши своите студии на стоматолошкиот факултет Св. Кирил и Методиј во Скопје- отсек стоматолошки сестри. Има посетувано курсеви за комуникациски вештини и курс за Morpheus 8. Работи во Дента ЕС работи во делот на администрација и прием на пациенти.
Александра Пулевска
АдминистраторРодена е во Тетово во 1987 година. Средното образование го завршува во Средното медицинско училиште во Тетово а потоа завршува факултет за јавна администрација. Има три годишно работно искуство во медицинска документација и прием на пацинети. А во Дента Ес работи во делот на администрација и прием на пациенти. Работи во Дента ЕС на работното место администратор.