Ортодонција со алајнери

Ортодонција со алајнери

Успешно решавање на естетските и функционални недостатоци со современите недвидливи протези т.н. алајнери. Преку дигитален скен до транспарентни и ефикасни фолии, кои ќе ја трансформираат вашата насмевка до посакуваниот резултат.  

Дискретна опција за оние кои не сакаат да привлечат внимание со нивниот ортодонтски третман. Една од најголемите предности на овие невидливи протези е самата практичност што ви овозможува да јадете, пиете, да користите забен конец без никакви ограничувања, правејќи ја оралната хигиена полесна!

Беспрекорно се вклопуваат во вашиот животен стил, без да ги прекинувате вашите секојдневни активности. Исто така времето на лекување е често пократко, во просек околу 6-18 месеци, во зависност од сложеноста на вашиот случај.

Дознај повеќе…

.

Наш партнер – „ORMCO“

Ортодонцијата е едно од нашите најважни полиња на работа. Затоа, решивме да ви го понудиме најдоброто преку системите кои го користат принципот кој е особено важен за нас – да се третира секој пациент како посебна индивидуа. Со нашиот партнер „Ormco“, станавме едукатори и претставници на најпрестижниот бренд „DAMON“, кој преку ортодонтот “ориентиран кон лицето” не само што оствари револуција во протезите туку и воведе нов аспект на лекување на пациентите. Системот „DAMON“ се карактеризира со поголема удобност на пациентот, помалку контроли, процесот се прави без вадење на забите, пократок третман и подобри резултати постигнати со употреба на светло-биолошки чувствителни сили.

Ние нудиме најдобри опции за вас, бидејќи само со внатрешно здравје можеме да постигнеме естетика надвор.