Ортопедија на виличен зглоб
Ова навистина ретко поле на работа на стоматолошките ординации е еден од нашите најважни фокуси, поради фактот дека истражувањата упатуваат на тоа дека често се јавува (дури 70% од населението ја имаат оваа болест). Нарушувањата предизвикуваат општи и локални симптоми.
Општите симптоми вклучуваат – главоболки (кои се мешаат со мигренозни), болки во вратот и укоченост, болки во кичмата, ладни нозе, несоници, вртоглавици и општа слабост, чуство на умор, додека кај децата во раст и развој ваквиот проблем со вилицата предизвикува сколиози и кифози.
Локалните пак симптоми се на ниво на самиот зглоб – прескокнување, заглавување, забоболка, зуење во уши, чести воспаленија во уши итн. Па така, луѓето често и не знаат дека го имаат овој проблем па го бараат решението во други гранки на медицината, не сваќајќи зошто и понатаму продлжуваат симптомите.
Вклучуваме најсовремени третмани за дијагностика и лекување на состојбите врзани за виличниот зглоб како што се третман на зглоб со вежби за зглоб, сплинт терапија која се корсити ноќно време, аквализер, третман во реконструкција на зглоб – која може да биде ортодонтска и протетска. Со овие третмани проблемот со виличниот зглоб кој е причинител на други здравствени проблеми да се реши засекогаш.