Хијалуронски филери
Хијалуронски филери
Водени од потребите на стоматологијата и естетиката, едукативниот центар и стоматолошка поликлиника – Дента ЕС нуди услуги од областа на естетиката на лицето.
Нашите клиенти често се одлучуваат за хијалурон бидејќи е сосема природен и се распаѓа со текот на времето. Користиме препарати со највисок квалитет, аплицирани од професионални доктори по медицина, со знаење кое произлегува од долгогодишното искуство на нашите партнери. Спец. д-р Слободан Ѓеоргиев од Дента ЕС.
Хијалуронските препарати (филери) се на природна основа и нивното дејство со текот на времето исчезнува, па од таа гледна точка се погодни за оние кои сакаат суптилно да го подобрат изгледот на својата кожа со полнење на брчките, а не знаат дали сакаат одредена трајна корекција или како превентивна мерка за спречување на создавање подлабоки брчки.
Хијалуронските филери се користат за отстранување на знаците на стареење, како што се корекција на контурите и волуменот на усните, корекција на усните, назолабијалните брчки, марионетите, глабеларниот регион, регионот околу очите и линеарни брчки на челото.
Во поликлиниката Дента ЕС работиме со ексклузивниот француски бренд Vivacy – Stylage.