ЗD мезонити

3D мезонити

ЗD мезонитот е едноставен систем на поставување на конци во кожата кои служат за измазнување на брчките и затегнување, односно подигнување на кожата. Конците се направени од биоразградлив материјал и се внесуваат со помош на игла во кожата и на тој начин се формира арматура која ја затегнува кожата како што сакаме. Овие нишки исчезнуваат од кожата за 180-240 дена, но во текот на два месеци создаваат колаген во кожата кој (затегнува и измазнува) го одржува овој лифтинг.

Овој начин на подмладување на кожата е идеален за сите делови на лицето за отстранување на назолабијалните брчки, длабоките брчки, деколтето, а совршен е и за брчките на челото, каде што можеме да се справиме со овој недостаток за 15 минути. Третманот е идеален за оние кои се против ботоксот бидејќи е на природна база. За време на третманот не е потребна анестезија, туку само нанесување на благ анестетик крем и благото црвенило кое трае само еден ден по интервенцијата. По поставувањето на мезонитите, движењето на лицето не е ограничено, а други третмани за лице може да се применат веќе по 3 недели.

3D мезонитите може да се користат во комбинација со хијалуронски филери, каде што површните брчки се пополнуваат со филер, а подлабоките со конци. Овие третмани ги вршат само лекари кои многу добро ја познаваат анатомијата и физиологијата на кожата.