Лицева естетика

Нашата поликлиника се занимава и со фацијална естетика, освен како резултат на стоматолошките потреби, така и за подмалдување на кожата со користење на високо стручни методи. Опфаќа голема палета на третмани за подмладување како хијалуронски филери, ботокс, мезотерапија на лице и тело и PRP (platelet rich plasma).

Ние сме првата поликлиника во Македонија која работи фацијална естетика со PRP методот при што за подмладување се користи плазма од вашата сопствена крв, а отсега кај нас може да најдете и третман за ревитализација на женската интима.

Хијалуронски филери

Поттикнати од потребите на стоматологијата но и на естетиката, едукативниот центар и стоматолошка поликлиника – Дента ЕС нуди услуги во полето на фацијалната естетика.

„Нашите клиенти често се одлучуваат за хијалуронот затоа што е на целосно природна основа и се разложува со текот на времето. Користиме препарати со врвен квалитет, аплицирани од професионални доктори по медицина, со знаење кое потекнува од долгогодишното искуство на нашите партнери. „ спец.доктор Слободан Ѓеорѓиев од Дента ЕС.

Хијалуронските препарати (филери) се на природна основа и со тек на време нивното дејство поминува, па од тој аспект се погодни за оние кои сакаат суптилно да го подобрат изгледот на својата кожа преку пополнување на брчките, не знаат дали сакаат одредена трајна корекција или пак како превентива за да не настанат подлабоки брчки.

Хијалуронските филери се користат за отстранување на знаците на стареење, како што се корекција на контури и волумен на усните, корекција на усни, назолабијални брчки, марионети, глабеларна регија, регија околу очите или така наречени “crow feets”, линеарни брчки на челото, јагодици, образ, деколте и дланка.

Во поликлиниката Дента ЕС работиме со ексклузивниот француски бренд Vivacy – Stylage.

PRP (плазма богата со тромбоцити)

Помогнете си себеси без да внесете ништо однадвор. Факторите на раст како основа за зацелување.  На здравиот организам некогаш му е потребна само мала помош за чудотворно да си помогне себеси. Но овој пат се работи за вашата крв од која може да се добијат неверојатни резултати.

PRP (Рatelet Rach Plasma) е нус-производ на крвта (плазма), богата со тромбоцити. Но што е толку посебно во врска со тоа? Тромбоцитите извршуваат многу функции, вклучително и згрутчување на крвта и ослободување на факторите за раст. Овие добиени фактори за раст ги стимулират матичните клетки да регенерираат ново ткиво. Колку повеќе фактори за раст има, толку повеќе матични клетки се стимулирани да произведат ново ткиво па телото се лекува побрзо и поефикасно. Па затоа PRP до сега наоѓаше примена во медицината кај зацелување на рани.

Подмладување на кожата со PRP

Но во последно време се користи и за подмладување на кожата – факторите на раст вратени повторно во кожата иницираат раст на нов колаген, ново масно ткиво (кое придонесува кожата да стане мазна) и нови крвни садови (за здрав сјај на кожата). Вистинско чудо, без никакви последици со кое се враќа формата, се подобрува тенот и текстурата и буквално се создава ново и помладо ткиво.

Раст на коска при стоматолошки зафати

Подфамилија на хормоните за раст се коскените морфогенски протеини, па затоа со нив може да се  формира и нова коска. Од таму потекнува употребата на PRP за калемење на коска при стоматолошките зафати, како при ставање на забни импланти  – сега може да се предизвика коската да расте повеќе од очекувано и побрзо отколку кога било досега. Може да се користи и кај: апликација на графтови, процедури за подигнување на синусите, процедури за зголемување на гребенот, затворање на расцеп на усна и поправка на дефекти кај непцето, како и поправка на фистули помеѓу шуплината на синусот и устата.

Како се изведува?

Доволно количество на тромбоцити се добива од само 15-55cc крв – тоа е сопствената крв на пациентот, па затоа какви било преносливи болести не се возможни. А тоа го прави зафатот и целосно безбеден – сè што се враќа назад во организмот е крвта па таа не може да предизвика никакви реакции. Единствена што оваа постапка ја спроведува и во полето на фацијалната естетика во Македонија е поликлиниката Дента ЕС која неодамна ја набави оваа опрема.

Консултациите се бесплатни, а резултатите се неверојатни!

Botolinium Toxin – Ботокс

Поттикнати од потребите на стоматологијата но и на естетиката, едукативниот центар и стоматолошка поликлиника – Дента ЕС започна да нуди услуги во полето на фацијалната естетика.

„Кај клиентите кои преферираат подолготрајни ефекти го употребуваме ботулинскиот токсин со кој навистина можат да се направат драматични но и суптилни промени на кожата како и да се корегираат одредени недостатоци на истата. Освен тоа, ботулинскиот токсин е корисен и за стоматолошки зафати при разни недостатоци„ доктор Слободан Ѓеорѓиев од Дента ЕС.

Botulinium toxin или популарно наречениот ботокс се користи за подмладување на кожата на лице, врат, деколте како и за примена во областа на стоматологијата во решавање на “gummy smile”, бруксизам, лоши навики кај мускулот на брадата, а и при совладување на примарната хиперхидроза. Спротивно на вообичаеното мислење, ботоксот не е присутен само кај естрадните ѕвезди кај кои и неретко е претеран па се приметува, туку може да се користи за многу суптилни зафати кои ќе го постигнат тоа што го посакуваме без да биде очигледно дека е нешто воопшто правено.

Консултациите се бесплатни, сите зафати ги извршуваат доктори специјалисти и целта е секогаш единтсвена  –поврзување на убавината и здравјето во совршена симбиоза. Јавете ни се за совет па потоа решете.

Мезотерапија / Мезонити

Мезотерапијата опфаќа вбризгување на активни материи во средниот слој на кожата или мезодермот. Во зависност од внесениот коктел се постигнуваат различни ефекти па така мезотерапијатата може да се примени во различни области на медицината, како што се: дерматологијата, ревматологијата, стоматологија, естетска медицина, спортска медицина, физикална терапија, оториноларингологија итн.

Најпопуларна е употребата на мезотерапијата на лицето како начин на подмладување и освежување на кожата. Со самото тоа што се доаѓа до средниот слој на кожата, се постигнуваат подобри резултати од употреба само на надврешни препарати како што се кремите за лице. За тоа да се постигне ние користиме (derma pen) ролери, но и внесување на активните состојки во кожата со помош на безболна мала игла, допирајќи до секоја пора на кожата поединечно. Во Дента ЕС ги користиме коктелите за мезотерапија на лице од врвната козметика на INNO AESTHETICS.

Но, мезотерапијата се користи и на телото за: губиток на вишокот облини и целулит, затегнување на кожата после влијание на различни фактори како раѓање, губиток на телесна маса и слично.

3D мезонити

3D мезонитите е едноставен систем на поставување на конци во кожата кои служат за измазнување на борите и затегнување,односно лифтинг на кожата. Конците се направени од биоразградлив материјал и се ставаат со помош на игла во кожата формирајќи на тој начин арматура која ја затега кожата како што сакаме. Овие конци исчезнуваат од кожата за 180-240 денови но во текот на два месеци создаваат колаген во кожата кој (ја затега и мазни)го одржува овој лифтинг. Овој начин на подмладување на кожата е идеален за сите делови на лицето за отстранување на назолабијалните брчки, кај вратот, длабоките брчки, деколтето а совршен е и за брчките на челото, каде за 15 минути може да се справиме со овј недостаток. Третманот е идеален за оние кои се против ботоксот затоа што е на природна основа. Во текот на третманот не е потребна анестезија туку само нанесување на благ анестетски крем, а благото црвенило трае само еден ден по интервенцијата. По ставањето на мезонитите не се ограничува движењето на лицето, а веќе по 3 недели може да се применат и други третмани на лицето.

3Д мезонитите можат да се користат во комбинација со хијалуронски филери каде поповршинските брчки се пополнуваат со филер а подлабоките со конци. Овие третмани се изведуваат само кај доктори кои одлично ја познаваат анатомијата и физиологијата на кожата.

Липолиза

Липолиза подразбира вбризгување на активни супстанции кои доведуваат до топење на локализираните масни наслаги. Дента ЕС ги изведува овие третмани со производите на INNO. INNO е светски познат бренд кој поседува своја лабараторија за развој на производи и работи секојдневно на подобрување на квалитетот на иститe и има широка палета од коктели за мезотерапија до хемиски пилинзи, а секако и производи за дневна грижа на кожа и нејзина заштита од надворешни влијанија.