Spinal Mouse

Spinal Mouse

Компјутерска 3Д дијагностика без радиоактивно зрачење.

„Spinal mouse “е уред кој во комбинација со компјутерска програма ги проценува кривините на ‘рбетниот столб без примена на радиоактивно зрачење. Со уредот се ракува рачно по кожата на грбот по должината на ‘рбетот. Мерната глава, анатомски ја следи контурата на ‘рбетот во сагитална и фронтална рамнина и ги евидентира клинички релевантните податоци. Софтвертската програма користи софистициран алгоритам за да ги пресмета клиничките параметри.

Преглед или дијагностицирање со Spinal Mouse овозможува: мерење на сегменталните и глобалните агли во сагитална и фронталnа рамнина, мерење на ставот на телото и движење на ‘рбетниот столб, мерење на функциите на ‘рбетот и перформансите. Мерењата се брзи и лесно се изведуваат, точни, сигурни и безопасни за пациентот.

Во споредба со другите постоечки методи Spinal Mouse нуди предности во смисла на точност, објективност, репродуктивност, презентација на податоци, не инвазивност, отсуство на штетно радиоактивно зрачење, леснотија на користење и одличен сооднос на трошоците и придобивките.

Нашата Поликлиника Дента ЕС е единствена во регионот која овозможува преглед или дијагнстицирање со Spinal Mouse.