Орална хирургија

Оралната хирургија е уште една од нашите специјалистички услуги и истата ја користиме кога конзервативниот пристап не е доволен, односно кога е потребно хируршко лекување на пациентот. Опфаќа ендодонтска хирургија, хирургија на трети умници, имплантологија, подигнување на синусна шуплина, пародонтална хирургија, пресадување на коска, ласерска хирургија итн.

Хируршкиот ласер е важен дел од модерната технологија која ја користиме во „Дента ЕС“, со кој Вие добивате безболен и брз третман, без крварење, со минимални анестетици, и без шиење и антибиотици.

Имплантологија

Вградување импланти со сертификат и гаранција за квалитет, подигнување на синусна шуплина (sinus liſt), водена коскена регенерација, употреба на биолошки материјали како лепливи коскени гранули(sticky bone), фибрин мембрана богата со тромбоцити од вашата крв(A-PRF) и сите останати хируршки процедури во импантологијата.

Мерење на дебелина на гребен
Инсертација на дентален имплант
Затворање на дентален имплант

Имплантот има неколку предности во споредба со другите методи за надоместок на изгубени заби. Изгледот и функцијата на имплантот се сосема природни. Со помош на всадените импланти ја спречуваме понатамошната коскена ресорпција која најчесто се појавува при опаѓање на забите, не ги жртвуваме преостанатите здрави заби во неговата непосредна близина како резултат на понатамошни третмани од областа на протетиката и со својата цврстина всадениот имплантот претставува одличен кандидат за носач на фиксни протези со што се отстранува можноста за појава на иритација што е случај кај мобилните протези.

Орална хирургија

Екстракција на заби, хируршки третман на цисти и грануломи, екстракција на импактирани заби, хируршки третман на отворен синус, мекоткивна и коскена претпротетска хирургија.

Парадонтална хирургија

Хируршки третман на парадонтот опфаќа конзервативен пристап од длабинска киретажа на така наречените парадонтални џебови, интервенцијата се изведува со киретажа на мекотивниот и цврстиот ѕид рачно или ласерски или пак со оперативен зафат со кревање на мекоткивен флап и со помош на ултразвучен апарат се отсранува заболеното ткиво и се аплицираат гранули вешталка коска збогатена со фибрин од вашата крв(sticky bone).

Ласерска хирургија

Тотално безболен хируршки третман за брзи и безболни операции со лесен постоперативен период. Нудиме ласерско реконструирање на гингивата, отстранување на полипи и хемангиоми, флуоризација на деминерализирани заби, превенција на кариес и ласерско лекување на афти, улцери и херпеси и нивно деактивирање уште при првата посета.

РТГ панорама пред екстракции
РТГ панорама пост екстракции и водена коскена регенерација на максила
Инсертција на дентални импланти
Протетска конструкција над импланти