ОРТОДОНЦИЈА
Ортодонцијата е една од нашите водечки специјалистички услуги. Ние сме лидери во третманот на темпоромандибуларна
дисфункција и единствена поликлиника која се занимава со ортопедија на виличниот зглоб кај пациентите. Опфаќа корекција на неправилно поставените
заби преку фиксни и мобилни апарати, лингвална ортодонција и функционална ортодонција со ортогнатолошки пристап.
Нашата најголема предност во полето на ортодонцијата е „DAMON“ системот на „Ormco“, кој покрај третманот на забите делува на целото лице и значително го скратува времето на носење протези.
Мобилна ортодонција
Класични мобилни протези или мултифункционални апарати кои овозможуваат правилен раст и развој кај најмладите, од 3 години па се до пубертет.

“DAMON SYSTEM”
- систем со благи сили!
Постои повеќе од 20 години, го користат 4000 ортодонти во светот и досега се третирани 1.500.000 пациенти! Никогаш не е доцна за насмевка каква секогаш сте посакувале! Фиксните протези можат да поместуваат заби во било која возраст. Носењето на кристално провидни брекети нема да смета на Вашиот приватен и деловен живот! Ако можат познатите личности, зошто не би можеле и Вие!
DAMON Clear тоа го прави неприметно, Вашата терапија е наша тајна!




Функционална ортодонција
Уникатен тип на третман со т.н. Франкел апарат кој вклучува ортогнатолошки пристап кој овозможува решавање на ставот и позицијата на телото кај децата.
Лингвална ортодонција
Невидливи протези од компанијата „Ormco“ кои се поставуваат од внатрешната страна на забите и служат за брзо решавање на аномалиите кај предните заби.
Наш партнер – „ORMCO“
Ортодонцијата е едно од нашите најважни полиња на работа. Затоа, решивме да ви понудиме најдоброто преку системите кои го користат принципот кој е особено важен за нас - да се третира секој пациент како посебна индивидуа. Со нашиот партнер „Ormco“, станавме едукатори и претставници на најпрестижниот бренд „DAMON“, кој преку ортодонтот "ориентиран кон лицето" не само што оствари револуција во протезите туку и воведе нов аспект на лекување на пациентите. Системот „DAMON“ се карактеризира со поголема удобност на пациентот, помалку контроли, процесот се прави без вадење на забите, пократок третман и подобри резултати постигнати со употреба на светло-биолошки чувствителни сили.
Ние нудиме најдобри опции за вас, бидејќи само со внатрешно здравје можеме да постигнеме естетика надвор.

Ортопедија на виличен зглоб
Лекување на аномалиите на зглобовите, вклучувајќи прескокнување, зуење во ушите, забоболка, `рчење при спиење, недостаток на воздух, болки во вратот итн.
Ние сме лидери во овој тип на третман и ги користиме најосвремените третмани од врвната медицина...
