ЗА ДЕНТА ЕС

Нашата визија е да станеме лидер за специфичните области кои ги работиме и сериозен дел од стоматологијата и фацијалната естетика во Македонија. Преку детална грижа за пациентите, за нивна што поцелосна добросостојба, да создадеме Поликлиника со која ќе останат и они и нивните деца.

Наша визија

Сите луѓе да имаат анатомска и функционална рамнотежа на оро-фацијалниот систем во долната третина на лицето, задоволни се од својот изглед и живеат среќно!

Наша мисија

Беспрекорно организирани, неизмерно љубезни, совршено едуцирани и стручни, најмодерно опремени, користејќи ги најсовремените и најдобри материјали, во најблиска соработка со пациентите ги избираме и реализираме најправилните, најдостапните а исплатливи интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика. Преку стручна, одлично подготвена, искрена и посветена едукација го подигнуваме нивото на знаење и способности на целиот стоматолошки персонал во државата и пошироко. Нашата мисија е да претставува симбол за врвна стоматолошка практика во која секој специјалист се грижи за одредена практика на најдобар можен начин. Помагајќи им на пациентите во уникатните состојби кои ги имаат, ние сме единствените за одредени области и тоа овозможува целопкупност на нашето делување. Истрајни сме, затоа што само со здравје однатре се постигнува естетика однадвор.