Општа стоматологија

Општата стоматологија е во основата на нашата секојдневна работа. Опфаќа лекување на заби, пломбирање – сите неопходни работи за кои кај нас доаѓаат и децата и возрасните. Она што не разликува од останатите е употребата на високо квалитетни и високо естетски материјали: композити и нано – композити кои имаат ситни честички за максимална цврстина и естетика.

Ендодонција и реставрација на заби

Во лекувањето на забите спаѓа и ендодонцијата, лекувањето на забните канали кое се прави со отстранување на инфицираниот нерв, со внимателна тродимензионална обработка на каналите и нивна соодветно полнење.

Исто така, работиме и полнење на канали со најсовремени билошки пасти на база на смола – кои се без токосчни материјали, таканаречени гутаперки. Би го спомнале и полнењето со термафил – каде преку топла кондензација материјалот се топи во каналот, совршено исполнувајќи го каналот. Ја практикуваме и латералната – ладна кондензација, која комбинира смола и гутаперки. При секое лекувањето на канали користиме машинаска обработка на канали со која се избегнува појава на рецидив, циста, коскени дефекти, коскени репсорпции итн. За уништување на бактериите во каналот пред неговото полнење користиме ласерска стерилизација на канали.

Пломбирање на заби

Безболно чистење на забен кариес, реставрирање на природната форма на забот, функцијата и естетика на забот, пломбирање со композити и нано-композитни пломби со висок квалитет и долга издржливост.

Белеење на заби

Ласерско белење на заби со кое може да се добие и до 7 пати посветла нијанса, отстранување на забни пигменти предизвикани од консумирање на пијалаци, кафе и цигари.

Во текот на животот се менува природната боја на забите. Најчести причини за промената на бојата (пребојувањето) на забите се: стареење, претерана конзумација на цигари, обоени напитоци како чај, кафе, потоа како последица на флуороза (претеран внес на флуор во организмот за време на растот и развојот на забите), како и тетрациклинска пребоеност на забите.

Белеење на забите е денес една од најпопуларните интеревенции во естетската стоматологија.

Детска стоматологија

Обука за правилно четкање на забите, грижа за млечните заби, пломбирање на млечни заби со композитни пломби, залевање на фисурите на трајните заби и екстаркција на млечни заби.

Еден од главните фактори за успешна стоматолшка терапија кај децата е добра соработка помеѓу стоматологот и пациентот која се базира на стекнување на довербата на детето и одстранување на фобијата и стравот кај детето од самата интервенција колку што е можно повеќе.

Една од најчестите и најбитните мерки во борбата против појавувањето на кариозните лезии е залевањето на фисурите кај младите трајни заби.

Чистење на заби

Отстранување на забен камен со помош на ултразвук, ласерска обработка на пародонтални џебови, полирање со полир паста, гумички, дискови, пескарење и слично.